„Боинг“ соопшти дека нивната добивка во вториот квартал ќе биде намалена за 4,9 милијарди долари. Американскиот производител на „Боинг“, наведе дека загубата е поради еднократниот трошок, кој компанијата го претрпе поради приземјувањето на својот авион „737 Макс“ низ светот по двете катастрофални несреќи.

Тоа воедно ќе биде и најголема квартална загуба во историјата на „Боинг“ откако компанијата во следниот период ќе ги објави своите финансиски резултати.

Вкупните трошоци на Боинг поради намалениот обем на продажба, падот на производството и исплатата на отштетите на семејствата на жртвите во двете катастрофални авионски несреќи, ќе изнесуваат 6,6 милијарди долари.

„Боинг“ соопшти дека „737 Макс“ би можел да се врати во употреба на есен. Тој тип на авиони е приземјен откако еден се урна во Индионезија во октомври 2018 година, а вториот во Етиопија во март оваа година. Вкупно загинаа 346 патници и членови на екипажите.