Компанијата „Боинг“ соопшти дека низ светот се приземјени над 50 авиони од нејзино производство, по откривањето на дефектот поврзан со крилата на авионот. Станува збор за авиони од моделот „737нг“.

Раководството на компанијата неодамна призна дека се направени сериозни грешки во врска со безбедноста на некои од моделите на авионите. Директорот Денис Мујленберг пред конгресниот одбор на САД изјави дека компанијата направила сериозни грешки со клучниот безбедносен систем, познат како МЦАС.

– Јас сум одговорен. За време на мојот мандат се случија две несреќи. Се чувствувам одговорен за тоа што се случи – порача Мујленберг.

Двете несреќи за кои зборуваше се случија во Етиопија и во Индонезија, каде што за помалку од шест месеци се урнаа два авиона од моделите „737 макс 8“, при што загинаа 346 лица.