Главниот архитект на историските споменици на Франција, Филип Вилнев, предупреди дека Богородичната црква може да се урне поради екстремно високите температури кои ја погодија оваа земја.

Беше забележано дека колапсот може да се случи за време на реконструкцијата на објектот.

Вилнев објасни дека сѐ уште има многу влага во ѕидовите на црквата што се насобрала по гасењето на пожарот во април и дека тоа, поради големата горештина, може да претставува опасност за конструктивното лежиште на објектот.

Работниците кои ги копаат остатоците по пожарот инсталирале специјални подлоги кои треба да го спречат наводниот колапс.