Специјалниот претставник на Русија за Блиски Исток и Африка и заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов денеска изјави дека Исламска држава освојува територии во Авганистан.

– Подрачјата во Авганистан под контрола на ИД се  зголемуваат и борбените операции стануваат се поактивни, истакна Богданов на конференција за Блиски Исток во дебатниот клуб „Валдај“.