Руското тело задолжено за следење на Интернет ја блокираше веб-страницата на Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер кој е во затвор, пренесуваат руските агенции.

Според написите, блокирани се и 48 страници на луѓе и организации поврзани со него, објави денеска тимот на Навални.

Во јуни рускиот суд го одобри барањето на обвинителите, организациите поврзани со Навални да бидат прогласени за екстремистички, по што тие беа забранети.

Блискиот сојузник на Навални, Леонид Волков, на социјалната мрежа „Телеграм“ соопшти дека тимот наскоро ќе објасни како планира да ја избегне блокадата.

Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условна казна.