Полицијата блокираше дел од Њујорк каде бил пронајден пакет со сомнителен изглед, оставен пред Турската куќа, но се покажало дека во него нема ништо опасно, пренесуваат американските медиуми.

Како што објави „Раша тудеј“, во пакетот имало рози и неколку парфеми.

Полицијата подоцна го деблокира делот од градот каде што е пронајден пакетот.