Активисти кои поддржуваат отцепување на Каталонија од Шпанија на денешната годишнина од референдумот за независност на овој шпански регион, блокираа главни и локални патишта, железнички линии и авении.

Повикот за протести го упатија „Комитети за одбрана на Републиката“, локални групи активисти кои беа формирани после референдумот во Каталонија на 1 октомври минатата година.

Пред два дена, во судири меѓу каталонски сепаратисти и полицијата во Барселона беа повредени десетина лица, а шестмина беа уапсени.