Полицијата во Хонгконг со солзавец растера илјадници маскирани лица кои се приближувале до туристичката област Коулун и повторно ги отфрли обвинувањата за полициска бруталност во немирите во последните месеци.

Интервентната полиција пристигнала порано и ги предупредила демонстрантите да ја напуштат туристичката област Цим Ша Цуи, каде што тие формирале кордони и го блокирале сообраќајот на клучната артерија. Но, многумина се повлекле дури откако полицијата употребила солзавец и спреј.