Адвокатите на Бил Козби бараат нивниот клиент да излезе од затвор, безмалку две недели по пресудата според која тој беше осуден на казна од три до 10 години, пишува „Њујорк пост“. Правниот тим на Козби поднесе барање за поништување на пресудата, врз основа на грешки во судскиот процес во кој американскиот комичар беше обвинет за сексуален напад.

– Обвинетиот Бил Козби бара ново судење во интерес на правдата, или барем повторно разгледување и модификација на казната од 25 септември – се наведува во барањето.

Адвокатите сметаат дека судијата Стивен О’Нил требаше да се изземе од процесот за одредување на казната на Козби, поради доведување во прашање на неговата објективност.