Милијардерот и основач на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс ќе соработува со организацискиот комитет на Олимписките игри во 2020 година, кои ќе се одржат во Токио.

Заедно со организаторите и јапонската спортска централа, американскиот бизнисмен и програмер ќе се занимава со реализација на целите на ОН во Јапонија.

Бил Гејтс рече дека благодарение на Олимпијадата, Јапонија може да почне да се развива и во други сфери. Користејќи го спортскиот настан, милијардерот ќе се бори против сиромаштијата, гладот и климатските промени.

Веќе има поставено 17 цели, кои се очекува да се развијат. Бил Гејтс сé уште не ги открил сите негови планови, но проектот ќе започне во 2019 година.