САД се соочуваат со голема криза, која многу генерации не ја паметат, бидејќи според економистите и аналитичарите – вака не било ниту во 2008 година. Од една страна постои недостиг на храна, додека од друга страна, луѓето масовно остануваат без работа, па повеќе од 30 милиони се пријавиле за финансиска помош.

И додека многумина сега ги даваат своите предвидувања за тоа како ќе се развива американската економија во иднина, Бил Гејтс, кој секојдневно коментира за случувањата, особено на Твитер, го привлекува вниманието на медиумите. Тој се обиде да одговори на прашањето на Си-ен-ен: Кое е најдоброто сценарио за американската економија?

Прво кратко се насмеал, како да ни самиот не верува дека го знае точниот одговор на ова прашање.

– Во најдобар случај, започнуваме од училиштата, производството и градежништвото и бараме начин како да ги покренеме, со претпазливост поради коронавирусот. Ние не сакаме еден куп деца во училишниот хол, а потоа да ја разгледуваме ситуацијата и да оценуваме дали образовните институции се една од причините за ширење на коронавирусот – истакнува милијардерот.

Гејтс, кој има три деца, вели дека наставата преку Интернет е секако неблагодарна во случајот со учениците, затоа на студентите им е полесно на тој начин да го следат часот и да стекнат знаење. Тој вели дека до крајот на летото, непосредно пред есента, САД ќе можат да утврдат дали учењето преку Интернет функционира и дали има разлика во тоа – дали детето оди на училиште или учи од дома.

Сепак, според него, употребата на технологија за целите на учењето преку интернет дополнително ќе ја потенцира нееднаквоста што постои во образованието. Кога станува збор за економија, никогаш повеќе нема да биде исто, смета Гејтс, но тој не е сигурен дали тоа го сфаќаат трговците на берзата.

– Во моментов нема добра инвестиција затоа што сите сектори се погодени од кризата. Некои компании се поприлагодливи и подобро подготвени, некои не, но сите ќе ги почувствуваат последиците во наредните години – вели Гејтс.