Потенцијалниот претседателски кандидат на демократите 78 – годишниот Берни Сандерс претрпел срцев удар, потврди неговиот тим. Долгогодишниот сенатор од Вермонт имал блокада на артеријата и успешно му се вградени два стента. Тој вчера ја напуштил болницата во Лас Вегас, се чувствува одлично и со нетрпение очекува да се врати на работа.

Лекарите информираа дека неговата состојба е стабилна. Сандерс бил примен во болница во вторникот откако за време на предизборен собир се пожалил на болка во градите и побарал лекарска помош.