Белоруските власти упатија сериозни обвинувања кон Полска наведувајќи дека користела токсични хемикалии на белоруско-полската граница против мигрантите.

Игор Малук, шеф на единицата за заштита од радијација, хемиски напад и биолошка заштита на белоруската армија, директно ги обвини Полјаците за употреба на недозволени средства.

„Денес видовме како полските безбедносни служби користат специјални средства што содржеа иритирачки супстанции против мигрантите, меѓу кои имаше жени и деца, на полско-белоруската граница“, рече Малик.

Тој додаде дека употребата на овие средства може да има несогледливи последици врз здравјето на луѓето, особено врз видот и дишните органи.