Белгиските власти се подготвуваат да ги заштитат претстојните избори од надворешно влијание, јавија локалните медиуми потсетувајќи дека за една година во земјата ќе се одржат локални и парламентарни избори, како и избори за европратеници.

Во подготовките се вклучени воените и цивилните разузнавачки служби, како и Центарот за електронска безбедност. Властите истакнаа дека мерките на претпазливост не се насочени кон одредена држава, туку се насочени кон обиди на влијателни сили да се мешаат во изборите.

Се планира да се спроведе кампања во која луѓето ќе се повикуваат да обрнат внимание на ширење гласини и невистинити податоци, и на обиди некој да се меша во нивното мислење.

Невладините организации истакнуваат дека не постои волшебно стапче за борба против пропагандата, и оти мерките треба да бидат комбинирани – технолошки, но и со вклучување на општеството.

Научниците ангажирани за изготвување оценка за ефектот на лажните вести, која ја нарача Владата, изразија негативно мислење за намерата во Белгија ширењето на таквите „вести“ да се регулира со закон.

Се заблежува и дека предлог-закон во иста насока е поднесен за оценка и во францускиот Парламент.