Белата куќа ја смени Мира Рикардел, заменичка на советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, по интервенција на првата дама Меланија Трамп.

Мира Рикардел „ќе продолжи да го поддржува претседателот и во моментот кога ќе ја напушти Белата куќа и ќе прејде на нова улога во администрацијата, изјави вчера портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Првата дама на САД Меланија Трамп побара блиската соработничка на Џон Болтон, советник за национална безбедност да биде сменета бидејќи „повеќе не заслужува да работи во Белата куќа“.

Американски медиуми објавија дека наводно спорот со Рикардел се случил поради распоредот на седење во авионот при патувањето на Меланија Трамп во Африка во октомври, како и барањето за користење средства на Советот за национална безбедност.

Опкружувањето на Меланија Трамп наводно се сомнева дека Рикардел била изворот на „негативните приказни“ за првата дама и нејзините соработници.