Администрацијата на Вашингтон ја претстави првата антикорупциска стратегија во историјата на САД, вклучително и на меѓународно ниво.

-Стратегијата го опишува сеопфатниот владин пристап за зајакнување на борбата против корупцијата. Таа има за цел подобро да ја разбере и да одговори на транснационалната димензија на заканата, вклучително и преку дополнителни мерки за намалување на способноста на корумпираните поединци да користат американски и меѓународни финансиски системи за покривање за корупција, средства и перење пари-се вели во соопштението на Белата куќа до печатот.

Новата стратегија се заснова на пет столба: модернизација, координација и обезбедување ресурси за антикорупциските напори на американската влада; стопирање на нелегалното финансирање; изведување на корумпирани функционери пред лицето на правдата; одржување и зајакнување на мултилатералната антикорупциска архитектура; подобрување на дипломатскиот ангажман; и мобилизирање ресурси за странска помош за постигнување на целите на антикорупциската политика.

Како што објасни висок американски функционер, новата стратегија има за цел да се обиде подобро да ги разбере и одговори на транснационалните димензии на корупцијата, вклучително и со зголемување на разузнавачките и дипломатските ресурси, со цел справување со проблемот, пренеусва „БГНЕС“.

Официјалниот претставник исто така рекол дека стратегијата вклучува и продлабочување на координацијата со странските партнери за да се зајакне нивната способност да одговорат на корупцијата, како и зајакнување на поддршката за истражувачкото новинарство и медиумските активисти.

-Исто така, имаме намера да ја подобриме анализата на корупциските ризици во обезбедувањето странска и безбедносна помош од страна на Соединетите држави-додаде претставникот на администрацијата, а пренесува „БГНЕС“.

Од своја страна, американското Министерство за финансии денеска издаде соопштение со кое се собираат коментари за предложените одредби насочени кон надминување на ранливоста на американскиот пазар на недвижности од перење пари и други незаконски активности.

-Долго време, американскиот пазар на недвижности беше манипулиран и користен како рај за перење приходи од незаконски активности, вклучително и корупција. Поголемата транспарентност во секторот на недвижности ќе помогне да се ограничи способноста на корумпираните службеници и криминалците да перат. Ова, исто така, ќе ја зајакне националната безбедност на САД и ќе помогне да се заштити интегритетот на финансискиот систем“, рече друг претставник на администрацијата за време на брифингот, а пренесува „БГНЕС“.

Линк до американската стратегија против корупцијата