Белата куќа денеска соопшти дека Хамза бин Ладен, син на убиениот лидер на терористичката Ал-Каеда, Осама бин Ладен, кој и самиот беше значајна милитантна фигура на групата по смртта на татко му, е убиен во американска анти-терористичка операција.

Белата куќа соопшти дека операцијата била спроведена во регионот Авганистан-Пакистан, објави агенцијата „Ројтерс“.

Загубата на Хамза бин Ладин не само што ја лишува Ал Каеда од важни лидерски вештини и симболичната поврзаност со основачот на организацијата, туку ги поткопува клучните оперативни активности на групата, се вели во соопштението.

Во изјавата на Белата куќа не се објавени детали за тоа кога Хамза бин Ладен бил убиен и како САД ја потврдиле неговата смрт, пренесе АП.