Белата куќа уште минатата недела барала на улиците на Вашингтон и останатите американски градови да бидат распоредени околу 10.000 активни војници за да ги прекине протестите, но тоа барање било отфрлено, пренесува Си-би-ес.

Министерот за одбрана, Марк Еспер и началникот на Здружениот стожер, генерал Марк Мајли, не го исполнија барањето на Белата куќа, рекол висок претставник за Си-би-ес.

Како што наведува Си-ен-ен, Еспер наводно преместил околу 1.600 активни војници во Вашингтон, каде веќе биле распоредени околу 5.000 припадници на Националната гарда, па војската со оглед на тоа дека немало потреба од нејзино дополнително ангажирање, постепено почнала да се повлекува во четвртокот вечерта.

Белата куќа не ги коментира овие извештаи.

Мајли, како што пренесуваат медиумите, имал силно чувство дека се уште не е преминат прагот, опишан како потешка околност, која на претседателот легално би му овозможило на помош да ја повика војската.