Полициските вооружени сили употребиле водени топови против демонстрантите во градот Брест, јавуваат белоруските медиуми.

Исто така се наведува дека неколку десетици лица биле приведени за време на протестот во Гродно. Покрај тоа, протестни митинзи и маршеви се одржуваат и денес во голем број други белоруски градови, вклучувајќи ги Могилев, Барановичи и Витебск.

Десетици илјади демонстранти се собраа денеска на протести во Минск.

Од претседателските избори на 9 август во Белорусија се одржуваат масовни протести против актуелниот претседател Александар Лукашенко.