Беверли Хилс први во САД ја забранија продажбата на тутун. Комората едногласно изгласа синоќа да се забрани продажбата на цигари, пури, електронски цигари и други производи од тутун од 2021 година.

Забраната вклучува продажба на бензински пумпи, во супермаркети, мали продавници и на други продажни места.

Забраната не важи за хотелите и три луксузни барови со цигари во Беверли Хилс, предградие на Лос Анџелес.

Исклучок од забраната за хотели беше направен поради туристите кои можат да пушат, но надвор.

Сопствениците на бензинските станици се противат на оваа мерка наведувајќи дека таа го загрозува нивниот бизнис и може да доведе до отпуштање на вработените.