Американскиот претседател Џо Бајден ќе се консултира со своите европски сојузници пред да се сретне со рускиот колега Владимир Путин во вторник, по што ќе го информира украинскиот претседател, изјави висок претставник на Белата куќа.

-Пред овој разговор, претседателот ќе разговара со клучните европски сојузници подоцна денеска за да ја координира неговата порака – рече официјалниот претставник, додавајќи дека државниот секретар Ентони Блинкен ќе разговара и со украинскиот претседател Зеленски во следните неколку дена.

Високиот претставник на Белата куќа изјави дека Вашингтон ќе одговори „позитивно“ на можното барање на сојузниците да го зголеми своето воено присуство во Источна Европа во случај на руски напад врз Украина, пренесува „БГНЕС“.