Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека тој и првата дама на САД, Џил Бајден ќе примат трета доза вакцина против ковид-19, со цел да го зајакнат својот имунитет во борба против новиот коронавирус.

– Ќе добиеме дополнителна доза – истакна Бајден во интервју за Еј-би-си њуз.