Џo Бајден, вториот американски католички претседател во историјата, денеска пристигна во Рим, каде што се сретна со папата Франциско, а како тема на разговорот беа најавени климатските промени и нееднаквоста, но средбата е во сенка на демократскиот заговор за правото на абортус во САД.

Претседателската колона пристигна во Ватикан под силни безбедносни мерки, интензивирани во Рим, кој паралелно се подготвува да биде домаќин на самитот на Г20 во текот на викендот.

Гардата во своите традиционални униформи ги пречека Бајден и неговата сопруга Џил пред апостолската палата, на која се вееше американското знаме.

Средбата меѓу првиот латиноамерикански папа и вториот католички претседател на САД, по Џон Ф. Кенеди, се случува во време на жестока дебата за абортусот во американската црква.

Бајден е под притисок од конзервативците да го промени својот став за абортусот во согласност со својата вера.

Претседателот редовно присуствува на миса и на неговата работна маса во Овалната соба има фотографија од папата. Тој вели дека за абортусот е лично против, но дека не може да ја наметнува својата лидерската позиција.

Неговите најжестоки критичари во американската црква бараат поради тоа да му се забрани да ја прими светата тајна.

„Почитуван папа Франциско, храбро истакнавте дека абортусот е убиство. Ве молам, разговарајте со претседателот Бајден за ова клучно прашање. Неговата упорна поддршка за аборусот е срам за црквата и скандал во светот“, напиша на „Твитер“ бискупот Томас Тобин од Провиденс.