Aмериканскиот претседател Џо Бајден вчера телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Северна Македонија, објави денеска на својот официјален твитер-налог американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз.

„Бајден ѝ нагласил на Фон дер Лаен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Северна Македонија истакнувајќи го неговото значење за регионалната стабилност, развој и просперитет“, посочи амбасадорката Брнз на „Твитер“.