Американскиот претседател Џо Бајден се обрати до јавноста и ја коментираше евакуацијата на американските државјани од Авганистан и приемот на Авганистанците кои им помогнаа на САД.

„Ние досега евакуиравме над 18.000 луѓе. Нашиот командант во Кабул нареди да продолжат летовите. Денеска евакуиравме околу 7.000 луѓе. Секој Американец кој сака да си оди дома може да си оди дома. Но, секој мора да биде свесен дека ова може да биде опасно. И не можеме да ветиме дека ќе функционира “, рече Бајден, нагласувајќи дека чувствува болка гледајќи ги сцените од Кабул.

„Минатата недела беше потресно, гледавме очајни луѓе во паника. Никој не може да остане имун на такви сцени. Секој ден разговарам со нашите команданти. Јас јасно им реков дека ќе им дадеме се што е потребно за да ја завршат својата работа по највисоки стандарди, дури и во најтешки околности“, истакна Бајден.

„Ние јасно им кажавме на Талибанците – за секој напад врз нашите сили, ќе добиете брз одговор“, потенцира американскиот претседател.