Американскиот претседател Џо Бајден воведува построги правила за вработените во јавните владини институции и презема чекори за да ги натера приватните компании да го сторат истото.

Една од мерките што Бајден ќе ги преземе е потпишување извршен декрет со кој се бара вакцинација на сите државни службеници.

Вработените нема да можат да се извлечат со редовно тестирање, пренесува Си-ен-ен.

Претседателот, исто така, ќе потпише извршен декрет за институции кои соработуваат со федералната влада – Министерството за одбрана, Одделот за ветерани, индиската здравствена служба и Националните институти за здравство, итн.

Белата куќа проценува дека оваа одредба опфаќа 2,5 милиони луѓе.

Бајден, исто така, планира да објави големо проширување на бесплатното тестирање, мерка што здравствените власти рекоа дека е од клучно значење за борба против вирусот, особено кога децата се враќаат на училиште, а некои работници се враќаат во канцелариите.

Исто така, ќе открие повеќе за втората доза од вакцинирањето, но нема да открие кога дополнителни дози ќе бидат достапни за американските граѓани.