Одговарајќи на прашање за односот на Кина кон муслиманските малцинства, американскиот претседател Џо Бајден рече дека Кина ќе ја плати цената за кршењето на човековите права.

– Ќе има последици за Кина и тој го знае тоа – рече Бајден мислејќи на кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Според Бајден, Соединетите Aмерикански Држави ќе ја преземат глобалната улога во областа на човековите права и додаде дека ќе соработуваат со меѓународната заедница, така што Кина, како што рече, ќе ги почитува и нив.

– Кина работи напорно да стане светски лидер и за да го добие тој статус, може да ја добие довербата од другите земји – рече Бајден додавајќи дека Кина не може да го постигне тоа сè додека е вклучена во активности спротивни на човечките права.

Претседателот на САД изрази загриженост и за проблематичните практики во трговијата и за состојбата со човековите права во Кина.