Американскиот претседател Џо Бајден денеска во рамки на самитот на Г-20 во Рим се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и изјави дека САД немаат постар и полојален сојузник од Франција.

Бајден додаде дека не постои област во светот каде што САД не можат да соработуваат со Франција, пренесе Ројтерс.

Изјавата доаѓа во време кога двете земји работат на обновување на односите по кавгите за американскиот безбедносен пакт со Велика Британија и Австралија, наведува агенцијата.

Американскиот претседател рано утринава пристигна во Рим, каде утре почнува дводневниот самит на Г-20.