Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе замине на своето прво патување во странство кон средината на јуни, во Велика Британија и Белгија, соопшти денеска Белата куќа.

Бајден ќе учествува на самитот Г7 од 11 до 13 јуни во Корнвол, а потоа и на самитот на лидерите на НАТО во Брисел на 14 јуни.

– Тој ќе присуствува на самитот ЕУ/САД во Брисел за да ја потенцира посветеноста на Вашингтон за силно трансатлантско партнерство засновано на заеднички вредности – соопшти американската влада.

Белата куќа соопшти дека набргу ќе обезбеди повеќе детали за патувањето, особено за можни дополнителни елементи, што предизвика шпекулации за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин.