Се уште има премногу прашања и премалку одговори во разговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за нејзиното напуштање на блокот, изјави денеска главниот преговарач на Унијата за Брегзитот, Мишел Барние.

Барние како клучни спорни теми ги посочи заштитата на податоците, соработката меѓу полициските и судските власти, како и примената на идниот договор за Брекзита.

–  Имаме да изодиме долг пат, но немаме многу време. Октомврискиот совет брзо се приближува- додаде тој.

Барние повика да не се драматизира ситуација околу договорот меѓу Лондон и Даблин. 

– Во крајна линија има само прашања во врска со техничката контрола на стоките – ниту повеќе, ниту помалку- рече преговарачот на ЕУ и истакна дека очекува да го види британскиот политички документ за идните односи со ЕУ, кој треба да биде објавен следната недела.