Најголемата банка во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) „Фрст Абу Даби бенк“ (ФАБ) најави дека наскоро ќе почне преговорите за соработка со израелските финансиски институции, пренесува „Глобал етикал банкинг“.

Најавата следува по неодамнешното потпишување на договорот за соработка меѓу Централната банка на ОАЕ и Министерството за финансии на Израел.

Во соопштението на ФАБ се наведува дека преговорите за соработка ќе ги водат со најголемите израелски финансиски институции, вклучувајќи ги банките „Хапоалим“ и „Банк Леуми“. Исто така се наведува дека соработката на финансиските институции на ОАЕ и Израел е важна за развој на економски и трговски соработки меѓу двете земји.

Од кабинетот на владата на Израел вчера соопштија дека Министерството на таа земја потпишало договор за соработка со Централната банка на ОАЕ.

ОАЕ и Израел на 13 август постигнаа договор за нормализација на билатералните односи.