Во експлозија на гас во џамија во главниот град на Бангладеш, Дака, загинаа најмалку 24 лица.

Агенцијата АП пренесува дека надлежните служби започнале истрага за причините за експлозијата за време на вечерната молитва.

Меѓу жртвите има и 9-годишно дете, а властите соопштија дека 37 лица со тешки изгореници биле примени во локалните болници.

Според првите откритија на истражителите, гасот што протекол од гасоводот се насобрал во џамијата, каде прозорците биле затворени поради климатизацијата.