Литванија, Естонија и Летонија денеска ги ставија на црна листа белорускиот претседател Александар Лукашенко и 29 високи функционери на неговиот режим, обвинувајќи ги за изборни измами и репресија на продемократските протести.

Балтичките земји, членки на ЕУ и НАТО, најавија санкции како дел од координираните напори за поддршка на протестите во соседната Белорусија, кои влегуваат во четвртата недела по спорните претседателски избори на 9 август.

– Испраќаме порака дека треба да сториме повеќе од соопштенија, изјави… мора да преземеме конкретни мерки – рече литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевициус.

Покрај Лукашенко, во црната листа за забрана за патувања се вклучени и 29 функционери од изборната комисија, министерствата и органите на редот.

Линкевициус додаде дека листата наскоро може да се прошири.

Неговиот естонски колега Урмас Рејнсалу рече дека балтичките држави покажуваат оти сериозно се борат против кршењето на човековите права во Белорусија.