Ајфеловата кула во Париз повторно ќе биде отворена за посетителите на 25 јуни, по најдолгото затворање во историјата од Втората светска војна.

Познатата кула беше затворена повеќе од три месеци поради епидемијата на коронавирус, објави управата на кулата, пренесува Ројтерс. При посета на кулата, задолжително ќе биде да носат маски за сите посетители кои имаат над 11 години.

Француската влада започна да ги олеснува мерките воведени поради епидемијата кон средината на мај, па Версај беше отворен на 6 јуни, додека музејот Лувр ќе биде отворен за посетителите на 6 јули.