Aлбанската новинска агенција АТА соопшти дека не била дел од анкетата на српската агенција Танјуг, што била порачана од Фактор плус. 

АТА во соопштение вели дека со задоволство прифатила да биде партнер на Танјуг за организирање три конференции со тема „Албанците и Србите – по кој пат понатаму“, но во ниту еден случај не била дел од анкетата.

Претходно беше објавено дека анкетата направена за потребите на агенцијата Танјуг по повод поширок проект „Срби и Албанци – по кој пат понатаму“, е заедно со албанската агенција АТА.