Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска ги обвини властите на Еквадор дека се подготвуваат да го лишат од правото на азил, благодарение на кое тој веќе неколку години живее во Eкавдорската амбасада во Лондон, и да го предадат на САД.

Тој се обрати од Aмбасадата преку видео-врска, која се пренесуваше во судницата во главниот град на Еквадор, каде што се разгледуваше тужбата поднесена од неговите адвокати. Тие ги оспоруваат неодамнешните промени на правилата што ги направија властите на Евкадор, врз основа на кои Асанж доби азил во 2012 година.

Тогаш Асанж побара азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што се очекуваше да биде уапсен поради наводите за „присилни сексуални дејства” и силување. Асанж стравуваше дека Шведска ќе го депортира во САД, каде што му се заканува казна затвор од 35 години или дури смртна казна, поради објавување на тајните документи на Стејт департментот.