Сирискиот претседател Баѓар ал-Асад денеска порача дека нападите што рано изутринава ги изведоа САД, Велика Британија и Франција врз цели во Сирија, само ја зајакнуваат решеноста на Дамаск да продожи со борбата против тероризмот.

Ваквата изјава, како што соопшти Кабинетот на сирискиот претседател, Асад ја дал во телефонски разговор со неговиот ирански колега Хасан Рохани,

– Таквата агресија само ја зајкнува решеноста на Сирија да продолжи да се борби и да го уништи тероризмот во секој дел од нејзината територија – рекол Асад.

Рохани од своја страна, нагласил дека Иран ќе продолжи со поддршката на Сирија, додавајќи оти е уверен дека „агресијата нема да ја ослаби решеноста на сирискиот народ за војна против тероризмот“.

Сириската државна телевизија денеска објави снимка на која се гледа како Асад доаѓа вообичаено на своеото работно место, само неколку часа по нападите.   

Снимката, што трае осум секунди, е пропратена со текст „утро на отпорот“.