Сирискиот претседател Башар ал- Асад денеска изјави дека преговорите меѓу САД и Сирија во овој момент би биле губење време, бидејќи нема да доведат до резултати. 

– Не е дека не сакаме да разговараме со Американците затоа што се Американци. Подготвени сме да разговараме со сите, ако заедно можеме да постигнеме резултат. Сметаме дека американската политика нема да се промени во иднина – рече Асад во интервјуто за телевизијата НТВ на прашањето д али е можна средба меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според него, американските претседатели стануваат „заложници на лобисти, медиуми и големи корпорации”.