Сирискиот претседател Башар ал Асад порача дека Сирија нема да им дозволи на западните инвеститори да учествуваат во обновата на таа држава уништена од војната, бидејќи, како што рече, тие доаѓаат само за да ги искористат туѓите економии.
Во интервју за руската телевизија НТВ, Асад рече дека наместо западни инвеститори, ќе побара помош од пријателите. Тој нагласи дека таа земја е изградена во историјата без помош однадвор и додаде дека какви било заеми ќе бидат дозволени само од пријателите.
Асад обвини дека Европа ја гледа Сирија само за да ја спаси својата економија, за која смета дека е во тешка ситуација.