Армиските трупи на Мјанмар поддржани од оклопни возила се распоредени за да ги заштитат владините згради и другите важни објекти во Мјанмар, објавиja светските медиуми.

Војската на земјата приведе неколку стотици лица, вклучувајќи ги и лидерите и активистите на владејачката партија, Националната лига за демократија (НЛД), имено претседателот Вин Мајнт и државната советничка Аунг Сан Су Кји.

Сите членови на парламентот што ја претставуваат НЛД се приведени во главниот град на Мјанмар, Најпјатау, објави јапонската новинска агенција „Кјодо“. Според „Кјодо“, многу членови на семејството на лидерите на НЛД се исто така приведени. Аунг Сан Су Кји е ставена во домашен притвор.

Армијата на Мјанмар вчера објави замена на 11 члена на кабинетот поврзани со НЛД. На 1 февруари армијата прогласи вонредна состојба во период од една година и ја собори владата наведувајќи ги како причина изборните измами.

НЛД победи на парламентарните избори во ноември и имаше план да почне со формирање на својот кабинет в понеделник.