Армијата на Венецуела одби да го признае претседателот на Парламентот Хуан Гуаидо за привремен претседател, соопшти министерот за одбрана Падрино Лопес.

– Војниците не го признаваат претседателот кој ни е наметнат под влијание на странски интереси и самопрокламирано, незаконски. Вооружените сили го бранат Уставот и го гарантираат националниот суверенитет, напиша Лопес на Твитер.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, претседател на Парламентот на Венецуела кој се прогласи за привремен претседател, досега го признаа САД, Канада, Бразил, Аргентина, Колумбија, Парагвај, Чиле, Перу, Гватемала и Костарика.