Европската унија и Канада упатија строго предупредување до САД за ризиците за светската економија кои ќе произлезат од новите царини за увоз на челик и алуминиум, наметнати од администрацијата на претседателот Доналд Трамп царина.

– Французите, Британците и Германците беа тензични, сумираше францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер по разговорите со колегите од Г-7 во Вистлер, Канада. Тој истакна дека сите биле целосно фрустрирани заради американските одлуки.

– Средбата на министрите за финансии од Г-7 во Канада наликува на средба на Г-6 + 1, бидејќи САД се сами против сите, изјави Ле Мер. Тој истакна дека избегнувањето на трговска војна сега во целост зависи од Американците.