Американскиот претседател Доналд Трамп се изедначи со веројатниот демократски противкандидат во трката за Белата куќа, Џо Бајден, според најновите анкети. Според резултатите од анкетата на „Вашингтон пост“ и на Еј-би-си њуз, поранешниот потпретседател има поддршка од 49 отсто, а актуелниот претседател 47 отсто меѓу регистрираните гласачи. Во истата анкета во февруари, американскиот претседател заостануваше зад Бајден со седум проценти. Во екот на кризата со коронавирусот, испитаниците го претпочитаат Трамп во однос на економијата, а Бајден за здравството.
Некои критичари го нападнаа Бајден поради благиот одговор на коронавирусот. Трамп како претседател е во центарот на вниманието, а тоа што го прави сигурно ќе влијае врз изборите во ноември, посочуваат аналитичарите.