Британскиот министер за правда Роберт Бакланд изјави дека владата не сака да го откаже Божиќ, но исто така истакна дека е важно луѓето да ги планираат своите прослави имајќи ги предвид правилата.

Бакланд го изјави тоа како одговор на коментарите на надбискупот од Кантербери, Џастин Велби, кој рече дека правилото му штети и влијае на семејниот живот, пренесе Би-би-си.

– Мислам дека никој од нас во владата не сака да биде Оливер Кромвел во овој поглед – сакаме да видиме како семејствата го слават Божиќ на безбеден и среќен начин и сакаме да видиме како нашите цркви и други места за богослужба се приклучуваат на таа прослава – рече Бакленд во програмата Тудеј на Би-би-си радио 4.

Тој додаде дека Божиќ нема да биде откажан, но дека правилата се нешто што е јасно и важно, пренесува „Танјуг“.

– Мислам дека се обврзавме на тоа и мораме да се држиме на тоа – рече Бакланд.