Американската национална метеоролошка служба продолжува да ги предупредува граѓаните западно од Карпестите Планини да се подготват за опасно жешки временски услови, додека државата бележи рекордно високи температури, така што минатиот петок во Долината на Смртта во Калифорнија беа измерени 54,4 Целзиусови степени. Само во Охајо починаа најмалку 116 лица како последица на жештините, а многу повеќе Американци бараат засолниште во импровизираните центри за ладење каде што луѓето можат да се одморат во климатизирани простории.
Уште полошо е што пожарите разгорени од силни ветрови се шират во областите од канадската граница до југ до Мексико, што го нарушува снабдувањето со струја, кое е потребно за системите за климатизација. Јуни годинава беше најтоплиот месец во историјата на САД, во кој починаа многу лица, беа уништени напојувањата со електрична енергија и беа исцрпени клучните резервоари на вода.