Брисел и новите правила за влез од трети земји во шенген-зоната

Построгите правила за влез во шенген-зоната за граѓаните од трети земји, меѓу кои се и САД, Австрија, Британија но и други, а кои ги наметна ЕТИАС (безбедносниот систем за патни информации на Унијата), од следната година ќе почнат со примена, а патниците од овие земји ќе плаќаат по седум евра за влез во ЕУ. Ова, меѓу другото, го наведе „Еуроњуз“, кој информира дека новиот систем за влез на територијата на земјите-членки на ЕУ е во фаза на имплементација. Во Брисел сметаат дека ЕТИАС ќе биде дополнителна заштита и ќе се знае кој влегува на територијата на шенген. Целта е преку давање вкрстени информации да се оневозможат криминални активности, терористички акции, движење на мигрантите, но и преминување на дозволениот рок на престој во ЕУ.