Според последните податоци што ги пренесуваат светските агенции, на претседателските избори во САД, кои се одржуваат денеска, досега гласале сто милиони граѓани.

Иако гласачките места беа официјално отворени денеска, голем број луѓе веќе гласаа по пошта или со предвремено излегување на гласање во оние држави каде што тоа беше дозволено.

Според последните анкети, кандидатот на демократите на претседателските избори, Џо Бајден, на денот на изборите води во четирите најважни т.н. колебливи држави.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Бајден, поранешен потпретседател, е пред Трамп на бојните полиња во Висконсин и Пенсилванија, како и на Флорида и во Аризона, според анкетата што весникот ја спровел во соработка со Сиена колеџот. Неговото водство е најизразено во Висконсин, каде што тој има апсолутно мнозинство гласови и води со 52 спрема 41 процент.

Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, и неговата сопруга Хилари Клинтон објавија дека излегле на гласање.
Хилари беше кандидатка на Демократската партија на претходните избори во 2016 кога загуби од Доналд Трамп.