Епидемилошката мерка за носење заштитна маска во јавниот превоз во САД се продолжува до 13 септември, соопшти Администрацијата за безбедност во сообраќајот.

Обврската за носење маска во патничките авиони, автобусите и железниците, која стапи на сила на 1 февруари, требаше да важи до 11 мај, но беше продолжена до септември во согласност со најновите упатства на американскиот Центар за контрола на болести и превенција.

Маските ќе бидат задолжителни и на аеродромите, пристаништата, автобуските станици.

Казните за непочитување на оваа епидемиолошка мерка остануваат на сила и се движат од 250 до 1.500 американски долари за повторени дела.

Патниците на возраст под две години, како и лицата со одредена попреченост, сè уште се ослободени од почитување на оваа епидемиолошка мерка.