Два американски разузнавачки авиона слетаа на аеродромот „Никос Казанѕакис“ во градот Ираклион на грчкиот остров Крит.

Еден од авионите бил со цивилни ознаки, а другиот со препознатливи обележја на американското Воено воздухопловство.

Приситигнувањето на авионите на Крит се случува во момент на зголемени тензии во реонот на источниот Медитеран, поради можноста од нападите на САД и Франција врз Сирија и во услови на растечката милитантна клима со Русија.

Авионите што слетаа на островот Крит преходно биле користени во мисии во Авганистан и Иран, а други такви летала учествуваа во операции на САД во Африка и Латинска Америка.

Леталата имаат задача да прибираат разузнавачки информации, благодарение на моќните радарски системи и сензори инсталирани на нив.

Во исто време, припадниците на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) стационирани на Кипар, се ставени во состојба на зголемена борбена готвеност „за извршување можни напади врз Сирија“.

Би-Би-Си, повикувајќи се на свои извори, информира дека британската премиерка Тереза Меј била подготвена да се приклучи кон евентуални воени акции против владините сили во Сирија, без да бара одобрение од британскиот Парламент.