Фото: Принтскрин/Ројтерс

Американскиот конгресмен Томас Мејси од Кентаки објави фотографија од себе и уште шест членови на неговото семејство на која позираат насмеани со оружје околу новогодишната елка, а само неколку дена по пукањето во средно училиште во Мичиген и убиството на четворица тинејџери, објави новинската агенција Ројтерс.

„Среќен Божик! П.С. Дедо Мраз, донеси ни муниција“, напиша на Твитер конгресменот Мејси, заедно со објавената фотографија, пренесува Ројтерс и додава дека членовите на неговото семејство држат огнено оружје од типот М60, полуавтоматска пушка АР-15 и митралез Томпсон.

Некои полуавтоматски оружја се направени да изгледаат речиси идентично со автоматското оружје како машините за пишување. Според американските закони, оружјето како митралези е ограничено на војската, полицијата и цивилите кои добиле посебни дозволи за оружје произведено пред мај 1986 година.

Шефот на кампањата на Мејси, Џонатан ван Норман, сè уште не одговорил на барањето за коментар, а осуда за постапката на Мејли стаса од демократскиот конгресмен од Кентаки, Џон Јармут.

Во контекст на оваа информација, Ројтерс потсетува на неодамнешниот случај кога студентот Итан Крамбли (15) уби четворица средношколци со полуавтоматски пиштол во вторникот во Оксфорд, мал град во Мичиген. При тоа беа повредени и шест ученици и еден наставник, а настанот уште еднаш предизвика жестоки дебати за безбедноста на училиштата, контролата на оружјето и правото на поседување оружје